петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Селена Гомез искрено за болеста: Докторите постојано ми ги менуваа лековите, во еден момент веќе ништо не чувствував

Селена Гомез искрено за болеста: Докторите постојано ми ги менуваа лековите, во еден момент веќе ништо не чувствував

Пејачката и актерка Селена Гомез искрено говори за својата борба во биполарното пореметување.

Гомез по повод објавувањето а документарецот „Selena Gomez: My Mind And M“ во интервју детално ги опишала своите проблеми.

-Немам што да кријам, бев во четири центри за лекување. Во раните дваесетти почна мрачен период во мојот живот, кога веќе не можев да ги контролирам своите емоции. Тогаш се појави и мојата депресија поради која целосно се изолирав, вели Селена.

Додава дека имало денови кога не можела да стане од креветот, не сакала да разговара со никој, а пријателите кои не знаеле што се случува со неа и носеле храна.

Тврди и дека лекарите постојано и ги менувале лековите и дека во еден момент ништо не чувствувала.

-Лекарите постојано ми ги менуваа лековите во надеж дека нешто ќе ми помогне. Во еден момент повеќе ништо не чувствував. Имав чувство дека повеќе не постојам, како да исчезнав, вели пејачката.

Откако ја напуштила здравствената установа, посетила психијатар кој и ги отстранил сите лекови.

-Морав да научам како да памтам некои зборови. Понекогаш за време на некој разговор не знаев каде се наоѓам. Ми требаше напорна работа за да научам и прифатам дека сум биполарна личност и дека со тоа мора да се носам бидејќи секогаш ќе биде така, вели Гомез.

Инаку, Селена веќе неколку години се бори и со лупус, хронична автоимуна болест кога може да погоди разни делови од телото. Нејзината здравствена состојба беше сериозна, па во 2017 година имаше трансплантација на бубрег дониран од нејзината блиска пријателка Франка Раиса. Пред операцијата таа откри дека се бори со панични напади и депресија поради кои откажа дел од светската турнеја „Revival“.

Најнови вести