Ве сака ваша Севе од овде до Токио и назад – напиша Северина
Пејачката Северина Којиќ на својот профил на Инстаграм пред нешто повеќе од една недела објави, и со тоа ја извести јавноста дека е заразена со коронавирус.
Пејачката вели, дека се чувствува добро, а сега и се обрати на јавноста со писмо од самоизолација во кое сакаше подетално да раскаже како го поминува своето време.
-Драги мои, не знам како да ви се заблагодарам на сите за вашата неверојатна грижа. Не можам да одговорам и да им се заблагодарам на сите, понекогаш морам да се исклучам од телефонот. Сè уште сум во ред. Поголем дел од моето време во самоизолација го поминувам, на мобилниот телефон, малку читам, страсно гледам серии и танцувам! Затоа што сакам да танцувам сакам и да им се извинам на соседите поради понекогаш премногу гласната музика. Клубовите се затворени по полноќ. Ајде да го почитуваме тоа! Но, тоа не ве спречува да танцувате каде и да сте … Бред Пит лудува… П.С. Ваша Севе ве сака од овде до Токио и назад, напиша Северина.