Холивудската актерка Дру Баримор за време на едно радиско гостување кажала непознати детали за својот живот во младоста.
Славната актерка открила дека нејзината мајка Џејд, кога таа имала 13 години ја однела во психијатриска болница во која поминала 18 месеци.
-Првите шест до осум месеци бев полна со бес. Не ми беше јасно зошто сум толку страшно казнета. Мислевдека одгледала чудовиште и дека повеќе не знаела што да прави со тоа чудовиште, изјавила Дру.
Актерката додава дека имало ужасни моменти во установата.
-Денес дури знам и да се насмеам кога ги слушам приказните за холивудските ѕвезди и 30 дневниот програм во Малибу. Тоа е ништо во споредба со она што јас го поминав и во таа институции во ’80 години немаше шега. Не можете да шетате наоколу, а ако тоа го правите ќе ве однесат во изолирана соба или ќе ве стават на носилка и ќе ве заврзат. Ја сфаќам донекаде постапката на мојата мајка, но мислам дека е виновна за многу работи кои подоцна ми се случуваа во животот и кои ме обликуваа како личност, истакнува Баримор.
Таа тврди дека мајка и ја одгледала како да и е пријателка, а не ќерка што довело до тоа во тинејџерските да биде надвор од контрола.
Баримор истакнала дека и простила на мајка си, но дури после долготрајна терапија и сега во контакт.