недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Шон Пен и три децении помладата жена официјално се разведоа: „Го уништив бракот, но сепак ја сакам“

Шон Пен и три децении помладата жена официјално се разведоа: „Го уништив бракот, но сепак ја сакам“

Холивудскиот актер Шон Пен (61) неодамна го финализираше разводот со сопругата Лејла Џорџ (30), но тоа воопшто не го прави среќен.

Изгледа дека се уште е заљубен во неа, а за распадот на бракот се обвинува себеси, пишува Дејли Мејл.

– Има една жена во која сум многу вљубена, Лејла Џорџ, со која се гледам само сега од ден до ден, бидејќи го зафркнав цел брак. Бевме во брак само една година, но јас бев многу невнимателен тип пет години – изјави актерот во неодамнешното интервју за Hollywood Authentic.

Никогаш не ја изневерил, вели Пен, ниту пак направил нешто такво.

– Како што се испостави, а тоа ќе ве шокира, убавите, неверојатно драги, имагинативни, талентирани млади жени кои се мажат за маж многу постар од себе, баш и не сакаат кога стануваат по мирна преспиена ноќ, а нивниот штотуку венчан партнер е легнат на каучот, каде од 4 часот наутро ги гледа сите можни глупости што се случуваат на светот и кој во 10.30 сабајле одлучува дека е идеалното време за дупла вотка со тоник и апчиња за спиење и вели: „Добро утро, мила, ќе се комирам неколку часа и ќе избегам од сите овие г*мна“, рече тој.

Актерот моментално работи на проблемите кои ги имал во текот на нивната врска.

– Сега додека ги мијам садовите не се јавувам на телефон. Додека сум со жена ми преку ден, телефонот ми е исклучен, иако жонглирам со многу работи. Нема да ги решам подобро ако имам повеќе повици. Моментално можам да го исклучам телефонот и да не гледам вести 12 часа на ден. Дури и кога сум под стрес, не сум толку многу како порано, рече тој и додаде дека на сите во одреден момент им било скршено срце.

Сепак, вели дека се уште му требаат вотка и апчиња за спиење, но не за да се скрие од светот како порано.

– Се надевам дека сега научив дека приоритетите на моето семејство се поважни, додаде Пен.

Најнови вести