Пејачот Бојан Маровиќ, судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, си пресади коса.
Имено, пејачот призна дека бил под стрес кога почнал да губи косата, па долго време бил ќелав, а дека дошло до голема промена покажуваат и неговите нови фотографии.
View this post on Instagram
Сега Бојан почесто се слика и објавува фотографии на Инстаграм, а добива и бројни комплименти од припадничките на понежниот пол.
Бојан се прослави пред 20 години кога учествуваше на еден фестивал и освои се со својата балада, а беше и остана миленик на многу припаднички на понежниот пол.
-Најмногу ме погоди кога се разбудив во хотел, веќе не знаеш каде се будиш, кој град е. Отидов да се измијам и си ја видов косата во моите раце. Видов два печати на темето и потоа се свртев и реков тоа е тоа, крај на приказната, веќе никој не ми треба, се ќе направам сам, изјави еднаш Бојан за медиумите.
View this post on Instagram