четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Силвестер Сталоне проговори за разводот: „Не трошам толку како што се шпекулира, имам право на куќата“

Силвестер Сталоне проговори за разводот: „Не трошам толку како што се шпекулира, имам право на куќата“

Актерот Силвестер Сталоне (76) и поранешната манекенка Џенифер Флавин (54) решија да се разведат по 25 години брак. Иако веќе подолго време се шпекулира за проблеми во нивната врска, актерот негираше дека разводот е предизвикан од тетоважата.

– Не раскинавме од толку тривијална причина. Едноставно тргнавме во различни насоки. Имам голема почит кон Џенифер. И секогаш ќе ја сакам, таа е неверојатна жена. Најмилата личност што некогаш сум ја сретнал“, рече Сталоне, осврнувајќи се на тврдењата „дека намерно се троши семејниот имот“ и ги негираше.

Актерот нагласи дека парите не ги потрошил толку диво како што се шпекулира.

Тој, исто така, се спротивстави на барањето на неговата сопруга да има „ексклузивна употреба на нивниот дом во Палм Бич“.

Најнови вести