вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Силвестер Сталоне се разведува по 25 години брак, сопругата го обвинува дека криел имот

Силвестер Сталоне се разведува по 25 години брак, сопругата го обвинува дека криел имот

Сопругата на Силвестер Сталоне, Џенифер Флавин поднела барање за развод. Холивудскиот актер (76) е во брак во Џнифер (54) од 1997 година.

Покрај поднесените документи, сопругата наводно го обвинила актерот дека криел имот од нивните заеднички брачни фондови.

Поранешната манекенка минатата недела ги поднела документи, а како што наведува ТМЗ, наводно таа барала целосно сопствеништво над куќата во Плам Бич пред нивната бракоразводна постапка.

Во документи за развод, кои ги има ТМЗ, Џенифер тврди дека нејзиниот сопруг „криел имот“.

-Врз основа на информации и уверувања, мажот се впуштил во намерно расипување, исцрпување на брачниот имот што имало негативно економско влијание на брачниот имот. Во согласност со член 61,075 се наложува сопругата да се надокнади и распределбата на имотот да биде во нејзина корист, се наведува во документите.

По веста за разводот Сталоне ја објави својата прва изјава со која потврди дека бракот со Џенифер завршува по 25 години.

-Го сакам моето семејство. Мирно и приватно ги решаваме личните прашања, вели Сталоне.

Најнови вести