Војин Ражнатовиќ кој е син на Жељко Ражнатовиќ Аркан не е воодушевен од свадбата на деценијата која се случи меѓу неговиот полубрат Вељко Ражнатовиќ и неговата избраничка Богдана.
Многумина по свадбата го чекаа токму неговиот коментар и огласување, а Војин токму тоа на својот Инстаграм профил и го направи.
Имено на својот Инстаграм профил на апликацијата одговарајќи на прашања тој напиша дека очекувал свадбата да биде малку подобра.
-Искрено, мислев дека ќе биде малку појака… одговори Војин на ова прашање поставено од фановите.
Само неколку часа подоцна тој сподели и своја фотографија на која неконтролирано се смее и под истата напиша:
-кога ќе ме прашаат дали бев на свадбата на деценијата, напиша Војин.