По големата трагедија која го погоди семејството Шаулиќ и загинувањето на пејачот Шабан, неколку месеци подоцна од семејството пристигнуваат убави вести.
Имено, по трагедијата семејството ја откажа свадбената прослава на неговиот син Михајло која беше закажана неодамна.
За само неколку месеци подоцна со благослов од неговата мајка Гордана тој го закажа новиот датум за венчавка со неговата долгогодишна девојка.
Новиот датум е закажан за идната година во јуни, но тоа ништо не значи за парот кој со години живее заедно, пренесуваат српските медиуми.