четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Слаѓа Делибашиќ доживеала хаос на Косово: Ја извлекле од кола и се заканиле дека ќе ја уапсат, проблеми имал и нејзиниот брат

Слаѓа Делибашиќ доживеала хаос на Косово: Ја извлекле од кола и се заканиле дека ќе ја уапсат, проблеми имал и нејзиниот брат

Слаѓа Делибашиќ доживеала голема непријатност пред две недели, кога со својот брат отиде на Косово, на гробот на мајка си и да го посети семејството.

Проблемот, раскажува таа, настанал кога на нејзиниот брат му било забрането да го продолжи патувањето.

-Таму бев пред две недели, таму беше и мојот брат Срѓан. На граница убаво не извлекоа од колата, прво отидовме на гробиштата на мама, а потоа имав настап во клуб. На Срѓан му рекле: „Не може, мора да се вратиш“, тој: „Кој треба да се врати?!“. Кренав врева, велат: „Сега ќе те приведеме“, велам: „Ајде, приведете ме“. Срѓан ми рече: „Не прави проблем, оди долу, твоето семејство и сите те чекаат“, па се врати од граница со автобус до Белград, се присети Слаѓа.

Најнови вести