Корисниците на социјалните мрежи и фановите на американската актерка Кејт Хадсон (39) ја пофалија бидејќи таа сподели фотографија на која ја дои тримесечна ќерка за време на пауза од снимањето.
„Иако мора да работите, децата мора да јадат“, напиша таа покрај фотографијата што ја сними Нино Муноз.
Нејзините фанови ја пофалија и изразија восхит што го промовира доењето. И покрај фактот дека сликата е совршена бидејќи Хадсон е филмска ѕвезда, многу мајки знаат колку е тешко да се балансира меѓу работата и мајчинските должности.
„Секогаш ја дојам ќерката и се обидувам да балансирам помеѓу работата и доењето, што им е проблем на многу мајки“, рече актерката во емисијата „Тудеј шоу“.
-Отсекогаш мислев дека ќе имам шест деца. По Рајдер и Бингам, мислев… нема да имам повеќе деца, а потоа го запознав Дани и – ете, девојче. Но, мислам дека мора да му родам син“, рече таа.