недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Славната актерка се разведува по осум години брак, се огласи со емотивна порака

Славната актерка се разведува по осум години брак, се огласи со емотивна порака

Американската глумица Кејт Босворт на својот интернет-простор објави дека се разведува од својот сопруг, режисерот Мајкл Полиш, по осум години брак.

„Заедно, изминативе 10 години, Мајкл и јас избиравме љубов секојпат. Денес се држиме за раце како што правевме на нашата венчавка. Нашите очи гледаат подлабоко еден во друг, но сега со повеќе храброст. Се разделуваме и си ветуваме дека нашата љубов никогаш нема да заврши… Нашата најголема чест беше да ја доживееме оваа љубов и ќе продолжиме да ѝ се восхитуваме на убавината на еволуцијата на љубовта. Она што се случува кога ќе стигнеме до крајот на ова нешто и ќе сфатиме – ние само, сме на еден друг почеток”, напиша таа, меѓу другото, во подолгата емотивна објава на Инстаграм.

Следачите ѝ испраќаат зборови на поддршка на двојката.

Кејт и Мајкл се запознаа во 2011 година, на снимањето на драмата „Биг Сур“ што тој ја режираше.  (МИА)

Најнови вести