Актерката Кејли Куоко, позната како Пени од хит серијата „The Big Bang Theory“, стана мајка.
Таа и нејзиниот сопруг Том Пелфри на светот ја претставија својата ќерка.
View this post on Instagram
-Ви ја претставуваме Матилда Кармин Ричи Пелфри, новата светлина на нашите животи. Пресреќни сме и благодарни за ова мало чудо – напишала Кејли на својот профил.
Кејли и Том се запознаа на премиерата на „The Ozarks“ минатиот април. Актерката во едно подоцнежно интервју откри дека тоа е „љубов на прв поглед“. Тие ја потврдија врската во јавноста еден месец подоцна.
View this post on Instagram