Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ вчеравечер во Атина му пееше на 30-от роденден на фудбалерот Огнен Врањеш кој за оваа специјална прослава ја ангажираше ни малку ни повеќе, туку една од најголемите балкански пејачки.
Пејачката на Инстаграм објави неколку видеа од луксузниот апартман во кои била сместена, а вечерта им се придружила на бројните фудбалери и познати личности кои го прославувале роденденот на фудбалерот.
Цеца сепак пред да замине на прославата не додржа и ги почести фановите со нејзиниот секси изглед и шлиц до препоните.
Инаку на роденденот на својот татко била и ќеркичката на Врањеш.