среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сопругата на Пикси ужива во Катар: Еве какво убаво друштво има и што прават таму (ФОТО)

Сопругата на Пикси ужива во Катар: Еве какво убаво друштво има и што прават таму (ФОТО)

Селекторот на Србија, кој ја предводи фудбалската репрезентација на Мундијалот, деновиве привлекува големо внимание и кај домашната и кај меѓународната јавност, но сопругата на Драган Стојковиќ – Пикси, која ги спакува куферите и отпатува во Катар за да му даде поддршка на саканиот и целиот тим, не е ништо помалку во центарот на случувањата.

Снежана Стојковиќ, која повеќе од триесет години е ветер во грбот на поранешниот фудбалер, е негов најголем поддржувач и сега, кога српската репрезентација се бори за што подобар пласман на Мундијалот.

Кога ја нема на трибините таа ужива со наследниците Ања, Андреа и Марко, па сопругата на Драган Стојковиќ, времето го поминува во одбрано друштво и навистина ужива.

Имено, избраничката на Пикси решила да здивне и се впуштила во авантура со своите пријатели и сето тоа го објавила на социјалната мрежа „Инстаграм“. Познатите убавици Бранка Невистиќ, Ивана Мишковиќ Кариќ, кои инаку и се многу блиски пријателки на Снежана, позираа боси среде пустина и предизвикаа бројни реакции кај обожавателите, а не недостигаа и комплименти за ведриот дух и физичкиот изглед кај овие дами.

Покрај посетата на плажите, песочните дини и други интересни работи кои ги нуди оваа прекрасна земја, сопругата на Драган Стојковиќ Пикси, несомнено ги посетила и трговските центри со своите пријатели бидејќи на сите им е познато дека споменатите дами се големи љубители на модата и на скапите ткаенини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branka Grujic (@corallo_verde)

Најнови вести