Мајкл Даглас сподели ретка фотографија од својот син Камерон и неговото мало семејство.
76-годишниот актер се огласи на Инстаграм во средата, откако синот Камерон (42) и неговата партнерка Вивиен Тајбс, го пречекаа своето новороденче Рајдер претходно оваа недела.
View this post on Instagram
Споделувајќи симпатична семејна фотографија на која се појавува и тригодишната ќерка на парот, Луа, Даглас напиша:
„Честитки за Камерон и Вивиен! Добредојде на свет, Рајдер Т. Даглас!“ Објавата ја заврши со хаштагот Горд дедо.
Сопругата на Даглас, Кетрин Зета-Џонс (51) исто така им честиташе на Камерон и Вивиен.
„Се роди нов Даглас. Добредојде во светот, Рајдер Т. Даглас,“ напиша таа на фотографијата што ја сподели на Инстастори.
Камерон имаше доста проблематичен живот со зависност од дрога во раните тинејџерски и дваесетти години.