сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Српската пејачка ќе смени три венчаници – најскапиот толку пари не го плати ниту Богдана Ражнатовиќ, особено од тортата ќе ви се заврти во умот

Српската пејачка ќе смени три венчаници – најскапиот толку пари не го плати ниту Богдана Ражнатовиќ, особено од тортата ќе ви се заврти во умот

Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ ќе се венчаат денес во еден луксузен хотел во центарот на Белград.

Црковното венчавање ќе се одржи во црквата Св. Сава, по што гостите ќе се упатат кон ресторанот каде ќе се одржи и главната забава која ќе трае до доцна во ноќта.

На гламурозната прослава ќе се служат најскапите пијалаци, а ќе има и торта на 15 ката, додека младата ќе се појави во фустан вреден 20 илјади евра, пишуваат српските медиуми.

За музиката ќе се погрижи оркестарот на Ацо Софронијевиќ, но дополнително колегите ќе ја збогатат атмосферата фаќајќи се за микрофоните.

-На мојата свадба ќе биде пола естрада, па така да се надевам дека сите ќе испеат по една песна, изјави пејачката неодамна.

Извор близок до Катарина за медиумите изјавил дека пејачката ќе се венча во раскошна венчаница изработена од албанската дизајнерка Валдрина Сахитија.

-Венчаницата која ќе чини 20 илјади евра ќе ја носи само во црквата, додека за вечерта ќе се пресоблече и ќе носи пејачката сосема друг стил на фустан. Во ресторанот ќе носи  и два фустани, а на крајот од вечерта и секси мини венчаница која ќе ја облече по полноќ, вели изворот.

Најнови вести