Четириесет и осумгодишниот српски ТВ-водител Огњен Амиџиќ-Амиџа (и поранешен пејач во дуото „Фламингоси“) кој има свое шоу на телевизијата „Пинк“, пред некој ден и официјално се разведе од сопругата Даниела Димитровска-Дани (која има 36 години). Димитровска е, инаку, актерка, наша Македонка, која во Белград живее поодамна, откако нејзините се преселиле таму.
Дани и Амиџа беа во брак 10 години, но последнава година им била доста напорна, неизвесна, морничава… што најпосле довело до раскинување на брачната заедница. Ова му е втор брак на Амиџа, во кој немаше среќа иако има син со Даниела. Тажната вест ја потврдија двајцата:
– Сакаме да ве известиме дека одлучивме да се разделиме, а одлуката за разводот ја донесовме заедно. Ние ќе останеме во пријателски односи поради интересите на нашиот син. Нема потреба од шпекулации за нашиот развод. Не е виновен некој друг, освен нашето меѓусебно недоразбирање. Тоа е сè што можеме да ви кажеме на оваа тема. Повеќе нема да се огласуваме, ниту да даваме изјави во врска со нашата разделба – соопштија сега веќе поранешните сопружници.