среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Стајлинг вреден колку две годишни плати во Македонија: Цеца пееше на прославата на Ѓоковиќ и српските кошаркари

Стајлинг вреден колку две годишни плати во Македонија: Цеца пееше на прославата на Ѓоковиќ и српските кошаркари

Во бел корсет од 300 евра, скинати фармерки и чанта од брендот Louis Vuitton, Цеца изгледаше едноставно, а сепак префинето на прославата на која Новак Ѓоковиќ и кошаркарските репрезентативци на Србија ги славеа титулите што ги освоија на 10-ти септември.

Таа се појави облечена во искинати фармерки и корсет, а нејзиниот стајлинг чинеше околу 9.000 евра – носеше корсет Cult Gaia од 243 евра и чанта Lous Vuitton од 8.700 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CECA RAŽNATOVIĆ ✨ (@stylebyceca)

Пред ресторанот, Цеца одговараше на новинарски прашања, па откри дека атмосферата во нејзиниот дом во неделата (10 септември), кога се играше финалето на Светското првенство во кошарка, а потоа и на US Open, била еуфорична.

„Имаше врескање, тензија, хаос. Ми се чини дека во еден момент добив и анксиозен напад, иако не знам што е тоа. Кошаркарите, па Ноле, па фудбалерите… Беше баш напнато“, изјави таа.

Додека таа пееше, кошаркарите правеа селфи фотки и снимаа видеа на кои се гледа и таа, а дел од нив дојдоа да ја гушнат и да ја бакнат.

Играа, скокаа, пееја на цел глас, додека Цеца им ги исполнуваше музичките желби.

Подеднакво расположен беше и Новак, кој на прославата дојде со сопругата Јелена. Тие, според српските медиуми, први си заминале од забавата.

фото: Принтскрин YouTube
фото: Принтскрин YouTube

Освен Цеца, на забавата на Новак и кошаркарите, пееја и Саша Матиќ и Владо Георгиев.

Меѓу гостите беше и најдобриот српски кошаркар и НБА играч, Никола Јокиќ, кој реши да не игра за српската репрезентација и го пропушти првенството.

За потсетување, Новак ја прославуваше својата 24-та Гренд слем титула во кариерата, откако победи на US Open. Кошаркарите, пак, станаа светски вицешампиони, откако во финалето на Светското првенство во Индонезија загубија од Германија.

извор: crnobelo.com

Најнови вести