сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ВИДЕО: Никола Јокиќ славеше со кошаркарите и Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Никола Јокиќ славеше со кошаркарите и Новак Ѓоковиќ

По спектакуларниот пречек, кошаркарските репрезентативци на Србија и Нивак Ѓоковиќ засилени со Никола Јокиќ го продолжија славјето до зори.

МВП на финалната серија во НБА лигата, Никола Јокиќ го пропушти Мундобаскетот, но не и славјето со момците кои го освоија сребрениот медал во Манила.

По спектакуларниот пречек пред градското собрание на Белград, кошаркарите и репрезентативците во баскет (минатата недела ја одбранија титулата на Европското првенство во Израел), како и најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ прославата ја продолжија во познат ресторан во Нов Белград.

На прославата бил поканет и Јокиќ, кој дошол во ресторанот со сопругата Наталија, каде пееле Светлана Ражнатовиќ, Саша Матиќ и Владо Георгиев.

На Мундобаскетот Србија се пласираше на Олимписките игри. Прашање е дали Јокиќ наредното лето ќе се појави на Игрите во Париз.