петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Гарнет: Цело лето нема да пипне топка и потоа запишува лесен „трипл-дабл“

Гарнет: Цело лето нема да пипне топка и потоа запишува лесен „трипл-дабл“

Пофалби за српскиот центар доаѓаат од сите страни, а интересен коментар даде легендарниот кошаркар на Бостон, Кевин Гарнет.

Како тоа, цело лето нема да допреш топка и потоа мирно и лесно запишуваш „трипл-дабл“, напиша Гарнет на социјалната мрежа Твитер.

Слободното време летово по освојувањето на шампионската титула Јокиќ го помина во Србија, со пријателите и семејството. Тој често беше со своите коњи и веројатно не размислуваше на кошарката, па поради тоа е и овој коментар на Гарнет.