среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Позната причината зошто Богдановиќ не бил на прославата во Белград

Позната причината зошто Богдановиќ не бил на прославата во Белград

Кошаркарската репрезентација на Србија синоќа беше срдечно пречекана пред градското собрание на Белград, каде што голем број луѓе се собраа да ги поздрават сребрените од Светско првенство во Манила.

По пречекот следеше прослава во ноќен клуб во Белград, но капитенот Богдан Богдановиќ не беше дел од неа.

Капитенот на Србија доби тажна вест дека неговиот вујко починал, па не му беше до славје и разбирливо решил да биде со семејството во тој тежок момент. На прославата беа забележани и некои кошаркари кои не настапија за репрезентацијата на овој Мундобаскет, како Никола Јокиќ, Василије Мициќ и Немања Недовиќ.

Со нив беше и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој на УС опен стигна до рекордната 24. гранд-слем титула.