вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Богдановиќ открива што им напишал Никола Јокиќ по влезот во финалето

Богдановиќ открива што им напишал Никола Јокиќ по влезот во финалето

Богдан Богдановиќ е вистински предводник на српската репрезентација на Светското првенство и скоро на секој меч е најдобар поединец кај „орлите“. Тој и денес беше прво име во неговиот тим со 23 постигнати поени, а по мечот даде изјава поврзана со првата ѕвезда на српската кошарка, Никола Јокиќ.

„Џокерот“ го откажа своето учество на Мундобаскетот и многумина сметаа дека Србија нема шанси за висок пласман, но Богдановиќ и соиграчите ги демантираа сите критичари и песимисти. Играчот на Атланта Хокс рече дека Јокиќ редовно им праќа пораки на своите колеги и е незмерно среќен што Србија стигна до големото финале.

„Канада беше неверојатна во текот на турнирот. Многу сум среќен што победивме против толку силен тим. Ние ја покажавме нашата сила и мислам дека сме сосема заслужено во финалето. Никола Јокиќ редовно ни праќа пораки со поддршка, а неретко знае и да се јави кај некои од нас.

Знаеме дека тој сакаше да биде со нас, но некогаш во животот мора да донесете и одлуки кои се оправдани, иако можеби истите не им се допаѓаат на многумина во јавноста.

Имаме и други момчиња кои максимално професионално одговараат на задачите и затоа сме тука, меѓу најдобрите во светот. Во постојан контакт сме и со Бориша Симаниќ и му посакуваме побрзо закрепнување“, изјави Богдановиќ.

Српската репрезентација обезбеди учество во големото финале на Мундобаскет, каде ќе се соочи со селекцијата на Германија. Мечот за светската титула е закажан за десетти септември, со почеток во 14:40 часот.