Тенисерката Марија Шарапова е бремена. Таа ја објави информацијата на својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографија од плажа на која се гледа нејзиниот пораснат стомак.
„Скапоцени почетоци! Јадењето торта за двајца отсекогаш ми било специјалитет“, напиша петкратната Гренд слем шампионка, објавувајќи ја радосната вест на својот 35-ти роденден.
View this post on Instagram
Ова ќе биде прво дете на руската спортистка.
Многу фанови на Шарапова веднаш ја изразија својата радост поради нејзината објава на социјалната мрежа, честитајќи и посакајќи и успех.
Шарапова се повлече од професионалниот тенис во февруари 2020 година. На крајот на годината ја објави свршувачката со британскиот бизнисмен Александар Гилкс.