среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Таа не знае за трагедијата: Татко на учесничка во реално шоу утринава пронајден мртов

Таа не знае за трагедијата: Татко на учесничка во реално шоу утринава пронајден мртов

Таткото на актуелната учесничка на реалното шоу „Задруга“ Олга Маргитиќ утринава е пронајден починат во Белград.

Српските медиуми јавуваат дека денеска П.М. бил пронајден починат во својот стан во населбата Звездара.

Пријател на Олга ја потврдил веста.

-Вистина е, дознав пред пет минути, не знам детали. Човекот беше болен, тоа нема врска со учеството на Олга во Задруга, истакна Стефан, пријател на девојката.

Соседите велат дека сестрата на Олга ги повикала првите соседи на таткото за да го проверат бидејќи од синоќа не можела да го добие на телефон.

Олга по професија е комуниколог и психолог, а во реалното шоу се всели на 5 септември.

 

Најнови вести