Пред неколку часа почина мајката на маестро Горан Алачки, кај неговите колеги позната како тетка Натка.
Тажната вест тој ја сподели на својот профил на Фејсбук, каде напиша:
„Почина мојата мајка Натка Алачка. Погребот е утре Недела во 13.30 на градските гробишта во Радовиш“.
Горан често споделуваше фотографии со мајка му и од Радовиш, но и од Владимирово.
На последниот нејзин роденден напиша:
-Влегуваме во деветатата деценија“.