петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тагата ми го стега грлото се повеќе: Калиопи со солзи во очите се потсети на Тоше Проески, по повод неговото прерано заминување (ВИДЕО)

Тагата ми го стега грлото се повеќе: Калиопи со солзи во очите се потсети на Тоше Проески, по повод неговото прерано заминување (ВИДЕО)

Утрото на 16 октомври 2007 година беше кобно за македонскиот пејач Тоше Проески кој почина во сообраќајна несреќа на пат за Хрватска на местото наречено Нова градишка.

Македонската музичка сцена тогаш го изгуби најдобриот музички вокал и пејач, естрадните уметници изгубија пријател и колега, а неговото семејство го изгуби најдрагиот, најсаканиот член.

Носталгијата и тагата по Тоше Проески и неговата музика не престануваат ни по 14 години. Тој зад себе остави бројни песни, хитови кои ќе се пејат засекогаш.

Утре (16 октомври 2021) се навршуваат 14 години откако згасна животот на најголемата македонска музичка ѕвезда.

По тој повод, пејачката Калиопи Букле се огласи на својот „Инстаграм“ со емотивна порака.

Имено, пејачката објави видео, а во описот му посвети стих од песната „Бар да си ту“ („Барем да си тука“).

„Барем да си тука и да те имам крај себе

Барем уште еднаш

моите раце сега да те гушнат.

Наближува 16 октомври, и тагата ми го стега грлото се повеќе и повеќе“, напиша пејачката во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Најнови вести