Пејачката Ана Бекута имаше многу интересен емотивен живот, а во неколку наврати истакна дека и нејзината последна љубов била љубовта на нејзиниот живот, а малкумина знаат дека зад себе има еден брак.
Милутин Мркоњиќ Мрка беше човекот кој најмногу го сакаше – со него ја запозна вистинската љубов, а пред него нејзиниот емотивен живот беше бурен.
Имено, пред да го запознае Мрка, Бекута 10 години била вљубена во Предраг Видовиќ, музичар од Шабац.
Тапанарот тогаш решил да го смени музичкиот правец, па со својот бенд распишал конкурс за фолк пејачка на кој се пријавила Нада Полиќ, односно Ана Бекута. Нив ги спои љубовта кон музиката, но нивната љубов имаше крај.
По него, Ана се заљуби во клавијатуристот Слободан Смакиќ, кој беше осум години помлад од неа. Сепак, и таа љубов не траеше долго.
Predrag Vidović Preja, prvi muž Ane Bekute. pic.twitter.com/q7K6ENCXl3
— babura velika (@BaburaVelika) April 20, 2017