Откако вчера во емисијата „Бекстејџ“ македонската пејачка Тамара Тодевска призна дека ненамерно направила грешка при интонирањето на химната и дека планира да ги истетовира стиховите, денеска таа и тоа го направи.
Имено таа на својот Инстаграм профил сподели две фотографии од новата тетоважа на која се испишани имињата на македонските револуционери Гоце Делчев, Пити Гули и Даме Груев Сандански.
Инаку таа во емисијата зборуваше и за тешките моменти со кои се уште се соочува откако на прославата во Амбасадата на САД за „4 јули“ при интонирањето на македонската химна го изостави делот со Гоце Делчев.