четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ТАЊА ЈА ПРАВИ ИСТАТА ГРЕШКА: Поради сопругот се откажа од кариерата, а сега истото го прави поради згодниот пилот

ТАЊА ЈА ПРАВИ ИСТАТА ГРЕШКА: Поради сопругот се откажа од кариерата, а сега истото го прави поради згодниот пилот

Тања Савиќ ужива во љубовта со 11 години помладиот дечко, пилотот Мухамед Муки Бешиќ. Толку многу се заљубила што работата ја стави во втор план. Исто како што беше случајот кога започна врска со нејзиниот се уште официјален сопруг Душан Јованчевиќ.

Нејзините соработници стравуваат дека нејзината кариера може да доживее назадување по втор пат, а ја предупредиле веднаш да се промени бидејќи сите забележале дека таа ја прави истата грешка како со Душан, кој во еден момент земал се во свои раце, па таа исчезнала од сцената.

-Тања е вљубена до петици и сите се плашиме да не ја повтори истата грешка. Нема да закажува нови настапи, оди само на оние кои се веќе на списокот и кои треба да ги исполни. Мора да биде така затоа што се закажани долго време. Нема да снима нови песни, а солистичкиот концерт во Белград кој го планирала се уште не и е на памет. Веќе не ја ни спомнува таа тема, вели изворот и додава:

-Муки постојано е таму каде што е таа на настапите, како што веќе можевте да видите, секогаш оди како плус еден. Таа плаќа за се за него и на тој начин ја намалува заработката. Таа, исто така, одбива гостување во емисии и други обврски кои доаѓаат со нејзината работа. Толку многу нови и добри песни и се понудени, но таа не ги сака, само ни вели дека е луда и да ја пуштиме. Тања е навистина добра личност и одлична пејачка, публиката ја обожава, но ако уште еднаш ја запостави кариерата поради приватниот живот, тоа воопшто нема да се исплати.

Пејачката и нејзиниот избраник веднаш по разводот со Душан Јованчевиќ ќе се венчаат во Лас Вегас во капела, позната по тоа што матичарот е облечен како Елвис Присли.

Најнови вести