сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Татко ми ме третираше како куче, а картичката ми ја чуваше обезбедувањето и само тие го знаеја пинот – Бритни 15 години не ги видела своите пари!

Татко ми ме третираше како куче, а картичката ми ја чуваше обезбедувањето и само тие го знаеја пинот – Бритни 15 години не ги видела своите пари!

Американската поп-пејачка Бритни Спирс неодамна проговори за својот живот во периодот кога нејзиниот татко Џејми имаше надзор над неа, со судска одлука дека таа е неспособна самата да располага со својот имот.

– Колку ми значи што првпат купувам нешто после 15 години. Обезбедувањето ја чуваше мојата кредитна картичка 15 години. Кога беше време за пазарење, јас секогаш морав да се повлечам и да бидам духовита, додека друг ја отчука шифрата и го пишуваа моето име. Секогаш тоа беше кредитна картичка. Немам готовина со години. Заборавив какво е чувството да се купи нешто. А, првата моја лична картичка ја добив пред точно една година, точно на датумот 19 октомври 2021 година. За мене е голема работа, раскажува поп-ѕвездата.

Бритни вели и дека татко ѝ ја третирал „како куче“ во тие, всушност – 13 години судско старателство.

– Како се осмелува државата да ми го одземе правото да ги користам моите средства. Имав чувство дека татко ми се обидува да ме убие. Неколкупати зборував за тоа, имам докази и сведоци за тоа што го правеше. Ги имам часовите што ги работев според планираното – седум дена во неделата. Само јас работев. Имам доказ за сѐ тоа, зборував за тоа и на суд, вели таа.

Огорчена, Бритни тогаш решила да стави крај на тоа и да продолжи со насмевка до крајот на животот, како што самата вели.

Најнови вести