Запросување, веридба и коинечно свадба! Како што најави, така и направи, па македонската ријалити ѕвезда, инфлуернсерка и топ модел Елеонора Миљковиќ последната недела од месец октомври 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски.
Свадбата гала и повеќе од гламурозна, а невестата со сиот свој телесен раскош блескаше во сиот свој сјај во отмена долга венчаница целата обложена со кристали, со отворено деколте каде доминираше бујната „ремонтирана“ предница на невестата, која на главата носеше „кралска“ круна, а во рацете бидермаер од бели рози!
Миљковиќ во својот дом од свекорот доби и златно ланче кое и го стави на вратот пред сите присутни гости.
Потоа тие се заколнаа на верска и граѓанска вечна љубов.
Она што сите го зборуваа сите беше несекојдневната џиновска торта која буквално беше до таванот на ресторанот каде што парот правеше свадба.
Елеонора во еден момент се пресоблече и блесна во долга тесна тоалета, погледнете: