Трагедија се случила во домот на познатата српска пејачка Мија Борисављевиќ откако медиумите во соседството објавија дека починал нејзиниот татко.
Веста за смртта ги потресла најблиските како и сите оние што го познаваа Рајко Борисавqевиќ.
-Се се случи брзо, се поздравивме пред две недели кога бев дома, тогаш му ја дадов Ема во раце и заминав за Белград. Му реков дека таа го сака најмногу од сите внуци, вели пејачката за српските медиуми.