четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Трогателна исповед на Милица Павловиќ: Баба ми повеќе не ме препознава, болеста зема замав

Трогателна исповед на Милица Павловиќ: Баба ми повеќе не ме препознава, болеста зема замав

Српската пејачка Милица Павловиќ пораснала со своите баба и дедо и тоа е една од причините зошто е се најважни личности во животот.

Пејачката открива дека по смртта на дедото пред години, се грижи за својата баба која има Алцхајмерова болест. Открива дека нивниот однос поради болеста е променет, и дека тоа многу тешко го поднесува.

-Тоа за мене во моментов е најболната тема во животот. Болеста зема замав. Срцето и душата ме болат што мојата баба не ме познава. Таа е моето злато, мојата душа, моето се на светот и многу е страшно кога при секое гледање со неа морам одново и одново да се запознавам и да се обидувам да ја потсетам која сум. Дека сум ќерка на нејзиниот син, нејзина внука. Нејзината Милица, нејзината пејачка, открива пејачката.

Додава дека самиот факт што доживеала некој кој и е најважен на светот да е дементен, вели е многу тежок и потресен.

-При секоја наша средба се обидувам да допрам до неа, да се присети дека сум нејзината Милица, но секоја нова средба носи исти моменти. Но, тогаш кога ќе се сети, кога ќе ме препознае тоа е непроценливо и не можам да опишам како чувство се буди во мене, како ме бакнувам, прегрнува. Секој збор кој ќе ми го упати за мене е голем како целиот универзум, додава Милица.

Најнови вести