Александар Фута Радуловиќ и понатаму не може да се помири со фактот дека неговиот син Милан починал, од како што пренесуваат медиумите, внесот на прекумерна доза на недозволени супстанции, па на блиските се довери дека не ја исклучува можноста дека Лача е ограбен, убиен во Израел и оставен на улица!
Како што дознава српскиот Курир од извори блиски до семејството, за прославениот композитор и понатаму ништо не е јасно, а дополнителен сомнеж предизвикува и фактот дека не се познати никакви официјални детали за причините околу смртта, како и тоа што телото на Лача е пронајдено во озлогласена населба. Во тој дел, најмногу се собираат луѓе склони кон пороци, но таму редовно се случуваат и грабежи, а најчесто на туристите, им се советува во никој случај да не одат таму.
„Фута и понатаму е многу збунет и се му е сомнително. Тој се обидува да го состави мозаикот од она што се случило таму во неговата глава, но некои работи не му се јасни. Првото нешто што предизвикува сомнеж е тоа што сместувањето го напуштил со ранец, во кој имал паричник и документи, кои, како што слушнал, не биле пронајдени покрај телото. Тој ранец цело време го имал со себе, го имал и на грб на една од последните слики што ги објавил од Назарет. Доколку беше пронајден тој ранец, веднаш на лице место можеше да се утврди неговиот идентитет, што не беше случај, но тоа било многу подоцна утврдено. Затоа смета дека е многу можно некој да го следел Лача или да го сретнал на улица и да му го одзеде ранецот со работите. Особено го вознемирило тоа што тој дел од градот е познат како озлогласен, па не ја исклучува можноста некој да го дрогирал со некој опијат и да го оставил да лежи на улица. Има многу од тоа таму“, вели изворот и продолжува:
„Се` уште се премислува и во врска со обдукцијата. Се му е така тешко. Тој би сакал Лача што порано да биде погребан покрај брат му и мајка му и конечно да најде свој мир. Тој син повеќе го нема, како и да се сврти, повеќе ништо не му е важно. Но го боли што веднаш се пишувало дека починал од предозирање на недозволени супстанции во организмот. Не е тајна дека Лача се бореше со тоа во минатото, но колку што му е нему познато, тој со тој порок се изборил. Тој како татко сигурно нешто ќе забележел, а откако Лача отиде за Израел, делуваше посреќно и расположено отколку што беше во Србија. Разговараа секој ден и верува дека би му се пожалил ако имал било какви проблеми“, завршува изворот.