недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Утре се спрема хип-хоп свадба, се мажи Нина Јанева

Утре се спрема хип-хоп свадба, се мажи Нина Јанева

Последен ден како госпоѓица Јанева, пишува денеска македонската пејачка Нина Јанева, која утре ќе се омажи за нејзиниот сакан Александар.

-Јас сум за некласична свадба со вистински луѓе. Ќе има и традиционална македонска музика, секако без турбофолк и непотребни моменти. Семејството на Александар е големо, речиси двапати поголемо од моето, што значи дека планирам провод за сите генерации. Планот ми е вечерта да ја носат неколку наши познати диџеи кои ќе пуштаат back to back олдскул хип-хоп. Тоа е мојата замисла за неконвенционална свадба – изјави Јанева неодамна во интервју за Женски магазин.

Најнови вести