Познатата пејачка Емина Јаховиќ ги воодушеви своите следбеници откако сподели видео на кое се гледа како таа чита книга заедно со својот син Јавуз.
Таа книга пејачката откри дека е од големо значење за неа бидејќи и е подарена од нејзиниот татко.
Под видеото таа напиша и порака со посвета за книгата:
-Ова е книгата која ми ја купи татко ми кога имав 10 години, а само година дена подоцна тој не напушти засекогаш. Од тогаш ја чувам и ја носам со себе каде и да се отселам. Денеска мојот помлад син Јавуз ја чита и навистина му се допадна. Иако никогаш не го запознал својот дедо, тој на овој начин дели нешто со него. Оваа малечка книга денеска не усреќи премногу, благодарам тато, знам дека си со нас засекогаш, напиша пејачката.
За потсетување таткото на Емина кој бил хирург починал кога таа имала само 11 години.