Светлана Цеца Ражнатовиќ во неколку наврати најавуваше дека ќе ја реновира својата вила во Аја Напи, а сега се појавија фотографии кои покажуваат како ќе изгледа нејзината куќа.
Фолк ѕвездата реши да ја промени и надворешноста и внатрешноста на својата вила во Аја Напи, која ја купи во 2006 година и каде што секое лето го поминува со семејството и пријателите.
– Цеца наскоро ќе започне со целосно реновирање на вилата, а еден дел од куќата ќе треба целосно да се урне. Таа не сака да прави само внатрешни преправки, туку ќе ја прошири вилата од постоечките 400 квадрати на дури 600! Ќе додадат уште еден кат, па ќе имаат вкупно три. Тоа е голема работа, ќе бидат потребни месеци за да се заврши се – изјавил за српски „Информер“ добро информиран извор.
Судејќи по фотографиите до кои ексклузивно дојде Информер, во куќата ќе доминираат белата и кафената боја.
– Цеца сака нов и модерен дизајн, па нејзината вила ќе биде како оние од Мајами, каде живеат светски ѕвезди. Во централниот дел на куќата ќе има огромна дневна соба со камин и уметнички слики, а во кујната и бањата ќе има најквалитетен мермер. Во куќата ќе се постави лифт, ќе има сауна и теретана, а во дворот, до базенот, ќе има џакузи – вели изворот.
Целиот проект го водат кумата на Цеци Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташкет, а ангажирале архитекти од Белград и Истанбул.
– Се што смислила нејзината кума Вики многу и се допадна на Цеци, едвај чека да почне со реновирање – додава изворот.
Вики вели дека е возбудена што на својата кума ќе и ја подари куќата од соништата.
– Целиот преден дел на вилата на Цеца ќе биде од стакло, со поглед на големиот базен. Цеца покрај базенот ќе има и свое место за одмор во дворот до големото џакузи, вели фолк пејачката.
Сето тоа ќе биде прикажано во емисијата „Цеца шоу“ што се емитува вечерва на ТВ Блиц.