Возачот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ тврди дека не е одговорен за она што се случило, пренесуваат германските медиуми.
Триесет и четири годишниот возач од Германија чиј идентитет се уште не се открива за време на несреќата бил пијан и возел без возачка дозвола.
Според германските медиуми тој се уште не признава дека е одговорен за несреќата во која загина фолк кралот Шаулиќ.
Полицијата откри и дека пијаниот возач им соопштил дека возачот на „сеатот“, односно Мирсад Кериќ е тој кој ја изгубил контролата на возилото и едноставно не успеал да ја избегне препреката која му се нашла на патот.
Инаку возилото со германски регистарски таблички удрил во „сеатот“, по што букавално го смачкал задниот негов дел, а во автомобилот освен трагично загинатиот пејач биле и музичарот Мирсад кој бил и шофер, како и неговиот кум и менаџер.