Младата пејачка и ријалити ѕвезда Луна Џогани ужива во првиот месец во улогата на мајка откако минатиот месец се породи и на свет ја донесе ќерката Миа.
Таа постојано ги почестува своите следбеници на Инстаграм со новиот член во семејството, а овој пат отиде чекор повеќе па на сите им ја претстави персонализираната цуцла на бебето.
На специјално изработената цуцла има циркони, додека целата е во златна боја, а на средината е испишано нејзиното име и има круна.
Пејачката во видеото кое го сподели на Инстаграм танцува и прв пат по породувањето заедно во раце со својата ќерка, а дали нејзината наследничка ќе тргне по стапките на својата мајка останува да видиме.