понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вдовицата на Шабан и двете ќерки ронеле солзи од тоа што го слушнале на свадбата на синот на пејачот: „Тато не се договоривме вака“

Вдовицата на Шабан и двете ќерки ронеле солзи од тоа што го слушнале на свадбата на синот на пејачот: „Тато не се договоривме вака“

Михајло Шаулиќ и неговата бремена избраничка Марина го кажаа судбоносното „ДА“ на гала прослава пред многубројните пријатели и семејството.

По свадбената церемонија, младенците позираа на фотоштанд каде убавата невеста ги засeни сите во венчаницата, а потоа следуваше првиот танц. Михајло Шаулиќ и Марина Велимировиќ танцуваа на хитот на неговиот татко, покојниот Шабан Шаулиќ.

Првиот танц на младенците бил на песната „Верјуем у љубав“, а мајката на Михајло и вдовицата на Шабан, Гоца се растажила кога ги слушнала стиховите, па почнала да плаче.

Михајло инаку одржа и свој говор за неговиот татко, па буквално и самиот, а и сите гости се растажија.

-Татко мој, не ја замислував мојата свадба без тебе. Не се договоривме вака, плановите ни беа други. Знам дека сега нас не гледаш и си среќен. Ќе бидеш овде низ твојата песна кој ќе ја пее оркестарот наместо ти, изјавил пред присутните Шаулиќ.

Кога започнале стиховите од песната, се расплакаа и неговите две сестри Илда и Санела.

Марина и Михајло следната година ќе станат родители, а сестрата на младоженецот Илда од среќа и возбуда на сите им го откри полот на бебето.

Најнови вести