Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ наскоро треба да стане татко по прв пат, а радоста за тоа не ја крие ниту неговата мајка која ќе стане баба по прв пат.
Пејачката Цеца на својот Инстаграм профил сподели со фановите фотографија од Вељко и нејзината снаа Богдана.
Парот на фотографијата е во домашна атмосфера, во домот на Богдана во Тител каде се во изолација, а Вељко е клекнат и го бакнува нејзиниот труднички стомак.
Цеца под фотографијата напиша: „Растеме“, а фановите во коментари и честитаа на Цеца и посакаа младиот брачен пар да биде вечно среќен.