Вељко Ражнатовиќ (23) во моментов ужива на Копаоник со бремената сопруга Богдана Родиќ (24) каде прославуваат и три години од својата љубовна врска.
Имено парот пред три години во овој туристички зимски центар ги запознала Анастасија Ражнатовиќ.
-Вељко и Богдана традиционално по Новата година одат на Копаоник каде и се запознаа пред три години, а потоа и се заљубија еден во друг. Тие таму се веќе 10 дена, а друштво им прават и Анастасија и нејзиното момче Ѓорѓе Килиќ, вели извор близок до нивното друштво.
Тој раскажува и како Вељко и Богдана во кафеана ја прославиле својата тригодишна љубов.
-Се собра целото друштво, лумпувавме до сабајле. Ни пееше Ана Кокиќ, а во текот на ноќта за микрофонот се фати и Вељко кој ја испеа песната „Романија“ од Халид Бешлиќ. Сето време тој ја прегрнуваше и бакнуваше бремената сопруга, вели изворот.