Холивудската актерка Анџелина Џоли која е и амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска била снимена во украинскиот град Лавов.
Како што пренесуваат украинските медиуми, Џоли била забележана во кафуле во Лавов.
Актерката од самиот почеток на војната во Украина апелира на мир и го акцентира страдањето на бегалците.
-Мојот фокус заедно со колегите од УНХЦР е да направиме се што е можно да обезбедиме заштита и почитување на основните човекови права на бегалците, напиша Џоли на почетокот на руската инвазија над Украина.
⚡️ Actress and filmmaker Angelina Jolie was spotted at a cafe in western Ukrainian city of Lviv on April 30.
Jolie is a special envoy for the United Nations High Commissioner for Refugees.
Video: Maya Pidhoretska via Facebook. pic.twitter.com/CBtR4HBMNR
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) April 30, 2022