недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Познато што и рекол Џони Деп на екс сопругата откако и го скршил носот

ВИДЕО: Познато што и рекол Џони Деп на екс сопругата откако и го скршил носот

Судењето продолжува, па секој ден излегуват се полоши и полоши детаљи за овој пар.

Поранешниот холивудски пар кој важи за еден од најубавите, се разведува и тужи, а битката станува се полоша и полоша. Амбер Херд го тужи Џони Деп за семејно насилство, а на површина излегоа и аудио-снимки каде таа признава дека таа била насилната за време на бракот.

Таа сведочела дека Џони почнал да се дрогира од 11-годишна возраст.

Џони пак сведочел дека како знак на одмазда таа го измачкала брачниот кревет со измет, бидејќи Џони и се заканил дека ќе ја запали, па ќе и го силува запалениот леш.

На новото сослушување таа откри дека Џони и го скршил носот, кога ја удрил со глава, а бидејќи мислел дека го изневерува.

Џони го призна овој инцидент но кажал дека само се обидувал да ја размрда Амбер и дека се тоа било случајно. На видео снимка се слуша актерот како вика:

-„Само те удрив во е*еното чело, не се крши така нос“!

Поранешните сопружници се на суд поради тужба која ја поднесе Деп против медиумот „Сан“каде го нарекуваат насилник.

Погледнете го видеото од ужасната расправија:

Најнови вести