среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вики и е кума на Цеца, но не беше на роденденот кај Анастасија – сите се прашуваа што се случило, еве што имаше да порача Миљковиќ

Вики и е кума на Цеца, но не беше на роденденот кај Анастасија – сите се прашуваа што се случило, еве што имаше да порача Миљковиќ

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ пред два дена го прослави својот 24-ти роденден, а на прославата не се појави пејачката Вики Миљковиќ која и е кума на Цеца Ражнатовиќ.

Иако на списокот на гости биле голем број на познати личности, меѓу кои и целото жири од „Ѕвездите на гранд“, сите биле зачудени каде е кумата на Цеца.

И покрај тоа што многумина погодуваа што се случува и дали воопшто таа е поканета и доколку е зошто не  е дојдена со самиот факт што секоја година е дел од нивните прослави во семејството, сега се огласи и самата пејачка.

-Во Германија сум поради работни обврски и не можев да дојдам на роденденот на Анастасија, изјавила Вики.

Инаку на прославата кај Анастасија присуствуваа Саша Поповиќ и неговата сопруга со ќерката, Ѓорѓе Давид и Марија Шерифовиќ, додека Вики, Ана Бекута, Снежана Ѓуриќ и Александар Мили не беа присутни.

Најнови вести