недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Во Белград се снима филм за пејачот Роби Вилијамс- нема да дозволи сопругата и децата да го гледаат

Во Белград се снима филм за пејачот Роби Вилијамс- нема да дозволи сопругата и децата да го гледаат

Филм за британскиот пејач Роби Вилијамс се снима во Белград. Музичката ѕвезда се игра себеси во овој биографски филм, а актерот Јоно Дејвис, кој го толкува во неговите помлади денови, моментално престојува во Србија.

Како што пишуваат српските медиуми во студиото во Крњача два дена се снимала сцената од концертот на познатиот пејач кој се одржа во 2003 година, а на сетот имало повеќе од 2.000 статисти.

Како што претходно објавија медиумите ширум светот, популарниот пејач имал големи проблеми да најде актер кој ќе ја игра неговата помлада инкарнација.

Како што објави „Сан“, Роби Вилијамс на почетокот на годината на концертот по повод снимањето на биографскиот филм на публиката во арената „Род Лејвер“ во Мелбурн и кажал дека не е сигурен во изборот на актер кој ќе го игра помладиот Роби Вилијамс, но потврди дека ќе се игра самиот.

Медиумите веќе успеаја да добијат дел од сценариото. Во него ќе има „Секс, дрога и рокенрол“. Роби призна дека нема да дозволи неговите четири деца и сопругата Ајда Филд никогаш да го гледаат овој филм.

„Тие нема да знаат ништо за овој проект. Нема да им биде дозволено да го видат, бидејќи во спротивно ќе треба да дадам одговори на многу прашања. Ако дознаат, ќе се правам како ништо од тоа да не се случило, тоа е уметничката слобода на режисерот, не е документарец“, објаснил Вилијамс.

Филмот е планиран да излезе во 2023 година.

Најнови вести