Пејачката Катарина Грујиќ вчера тајно се омажила за фудбалерот Марко Гобељиќ, пренесуваат српските медуми.
Свадбената веселба се одржала во вилата на пејачката Наташа Беквалац која ја изнајмува за секаков повод, а има и базен.
Бремената пејачка и фудбалерот се решиле да се венчаат во тајност во кругот на семејството и пријателите и тоа на имотот кај колешката на пејачката Беквалац која минатата година за време на коронавирусот започна да ја издава под наем.
Како што пренесуваат медиумите, изнајмувањето на вилата е околу 700 евра на ден, а има и приватен базен, голем двор и тревник.