Тања Савиќ по романтичното патување во Египет се врати во Србија, а по се изгледа веќе не се дели од својот избраник Мухамед Муки Бешиќ.
Тања моментално е во Смедерево, а врската стана многу сериозна бидејќи веќе со синовите го запознала 11 години помладото момче.
Со нив на сликата се гледа и сестрата на Тања.
-Уште еден успешен концерт во моето Смедерево. Љубовта беше во воздухот. Ве сакам. Благодарам за се, напиша таа со објавата.
View this post on Instagram
-Инаку, Муки по професија е пилот. Мухамед ја запроси Савиќ на романтична вечера во Египет, а парот планира да се венча по разводот на Тања со Душан Јованчевиќ и заедно да се преселат во Америка, објавија локалните медиуми.
Муки е родум од Бјелина, а живеел во Германија и Белгија, додека сега живее и работи во Америка. Иако нивната врска беше откриена на почетокот на годината, пејачката тоа го потврди дури пред неколку дена.
Таа се огласи на мрежите и споделуваше фотографии на кои покажува колку е среќна.
-Дали некогаш сте застанале и сте помислиле: „Леле, се молев за ова, а сега е тука и ми се случува“, напиша Тања на Инстаграм.