понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

За нивниот развод се шушка со месеци: Џорџ и Амал Клуни водат борба на суд за старателството над близнаците?

За нивниот развод се шушка со месеци: Џорџ и Амал Клуни водат борба на суд за старателството над близнаците?

По неколку месеци несогласувања и тензија, парот наводно одлучил да ја заврши агонијата и на суд да ги завршат сите детали околу разводот и старателството над децата

За разводот на Џорџ (59) и Амал Клуни (42) се шпекулира во светските медиуми уште од мај, за време на самоизолацијата поради пандемијата на коронавирус, а како причина за крајот на бракот се наведуваа конфликтите и несогласувањата во карантинот.

Холивудскиот актер и познатата адвокатка се во брак повеќе од пет години, а порталот Entertainment Times пишува дека парот деновиве го поминува времето по судови, бидејќи моментално водат борба околу старателството на тригодишните близнаци Александар и Ела.

Имено, се раширија озборувања за тоа дека актерот признал дека не е среќен во бракот со 12 години помладата сопруга.

Инаку, несогласувањето почнало поради неодамнешните расправии за местото на живеење, поточно дали ќе живеат во Велика Британија, според желбата на Амал или во Лос Анџелес, каде што холивудскиот актер го гледа својот живот.

Различните размислувања довеле до разделба, а ако може да им се верува на гласините, веќе некое време живеат одвоено. Токму тоа им претставува проблем на децата, што било и поводот за одење на суд.

Да се потсетиме, парот го изговорил судбоносното „да“ во септември 2014 година во Венеција, во хотелот Чипријани.

Најнови вести